Фудбалска бура во Србија: Звезда ја губи титулата на терен, па ќе ја враќа на суд

4962

Иако има уште три кола до крајот на сезоната во српското првенство, изгледа дека за новиот шампион ќе се одлучува надвор од фудбалските терени.

Поточно, на суд каде ќе спорат двата најтрофејни клуба Црвена Звезда и Партизан. На три кола пред крајот, “црно-белите” имаат добитна комбинација бидејќи се со три бода предност пред Звезда и потребни им се две победи и едно реми за да дојдат до титулата. Но, градскиот ривал најде причина целата работа да ја однесе пред суд поради суспензија што ја добил тренерот Марко Николиќ додека ја водеше Олимпија.

Таму, тој добил суспензија од седум натпревари од Фудбалскиот сојуз поради расизам, но по првиот бил избркан од клубот и останатите шест не ги одлежал. Потоа, Фудбалскиот сојуз на Словенија му дал потврда дека е ослободен од суспензија, но токму тука, Црвена Звезда ја бара својата шанса.

“Го видовме тој документ. Прво, на него нема деловоден печат, но и самиот документ не е важен. Суштината е дека Марко Николиќ суспендиран на седум натпревари, одлуката била конечна и тој не се жалел. Одлежал само еден натпревар, а потоа обил отказ, значи, не ги одработил другите шест. Кога преминувате од еден Сојуз во друг, казната се пренесува”, тврди правниот тим на Звезда.

Многумина ова го оценуваат како очајнички потег на “црвено-белите” да дојдат до шампионската титула во српското првенство откако ја загубија истата на теренот. Партизан ионака цела сезона се соочува со неправди од сите страни, а очигледно го очекува уште една тешка борба за титулата.