Фудбалерот со најглупавата тетоважа во историјата игра во Италија (ФОТО)

4625

Речиси да нема фудбалер, па и спортист воопшто, без тетоважа на своето тело и тие последните години станаа нивни заштитни знаци.

Голем дел од нив се доста инвентивни, но тоа не е случај со Амато Чичирети, некогашниот фудбалер на Рома и репрезентативец на Италија до 19 години. Сега тој игра за второлигашот Беневенто, но добро ја насмеа тамошната спортска јавност откако објави што истетовирал.

Веројатно на никого досега не му текнало на ногата да го нацрта знакот на Твитер и под него својот хендл. Му недостасува уште пасвордот…