Фудбалерот на Тотенхем: Имав напредни преговори со Барселона, но мојата репутација…

1176

Фудбалерот на Тотенхем, Сержи Орие, смета дека неговата лоша репутација во јавноста, ја одбила Барселона од можноста да го ангажира минатото лето.

Орие имаше нагласени проблем и испади во јавноста додека беше во ПСЖ, па веројатно тоа била круцијалната причина за Барселона да ги прекине преговорите за негов ангажман.

Репутацијата го стори своето, таа направи четири или пет клубови кои беа заинтересирани за мене, да се сомневаат како ќе влијаат во нивната екипа. Преговорите со Барселона беа во напредна фаза, но луѓето во тој клуб не знаеа како ќе влијае тој трансфер на нивната екипа кога ќе бидам дел од Барселона“, истакна Орие.

Тој подоцна премина во Тотенхем и засега е смирен играч, кој е редовен во составот на Маурисио Покетино.

Беше вистински избор што заминав од Франција. Таму не се чувствував опуштено поради медиумите. Се чувствував како затвореник, со камера на грбот. Да останев во Франција, никогаш немаше да ја отргнам таа анатема и слика од моето име“, смета Орие.