Фрум по четврти пат славеше на Тур д Франс

115

Иако до крајот на престижната велосипедска трка има уште една етапа веќе е јасно дека Крис Фрум е победник на годинешното 104-то издание на Тур д Франс.

На денешниот хронометар во Марсеј кој беше во должина од 22,5 километри Фрум тотално доминираше и втор ја мина целта, што беше доволно за недостижна предност во однос на конкурентите во генералниот пласман.

Утре се вози последната етапа од Монтегрон до Париз која финишира на Елисејските полиња, со што ќе биде заокружено ова изднаие на престижниот спортски настан.