Француските медиуми најавија: Договорена е „трансфер бомба“, Гризман веќе се договори со следниот клуб!

2078

Барселона изгледа конечно ја најде вистинската замена за Нејмар! Според пишувањата на француските медиуми, Антоан Гризман ќе стане нов фудбалер на Каталонците следното лето.

Договорот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид е веќе постигнат и останува само да се решат некои мали детали како и документацијата помеѓу двете страни, по што останува да се направи и договорот со фудбалерот.

Гризман минатото лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, беше близу до трансфер на „Олд Трафорд“, но одлучи да остане во Мадрид бидејќи Атлетико доби трансфер забрана, која истекува ова лето.

Поради ова, Барселона призна дека нема да тргне по Гризман бидејќи сочувствува со проблемите на Атлетико Мадрид, а трансферот бил одложен за следното лето.

Гризман ќе треба да биде замената за Нејмар, иако не игра на истата позиција со Бразилецот. Ако се суди според ова, тогаш ќе мора да има и жртви во тимот, па така веројатно Суарез ќе биде продаден или Усман Дембеле ќе мора да се пресели на клупата за резерви, иако Каталонците летово го направија најскап играч во историјата на клубот. Останува опција за Барселона да игра и во друга формација, односно 4-2-3-1, која би била исклучително офанзивна со Меси, Гризман и Дембеле зад најистурениот Суарез.