Французите го најдоа решението: Со врачеви против Ѓоковиќ

467

Франција и Србија ќе играат меѓу себе во полуфиналето од Дејвис купот, а “триколорите” уште сега почнаа да се подготвуваат за дуелот во септември.

Причина за нивната загриженост е Новак Ѓоковиќ кој играше во првите две фази од годинашниот Дејвис куп и најави дека ќе настапи и во полуфиналето. Поради тоа, францускиот селектор Јаник Ноа кој е оптимист, но има и алтернатива како да го запре Ѓоковиќ.

“Се надевам дека Новак нема да дојде, а ако дојде, немаме друго решение освен да ангажираме врачеви. Всушност, сеедно ми е дали ќе дојде или не. Имаме доволно време да се подготвиме по УС Опен и верувам во пласман во финалето”, изјави Ноа.

Франција последен пат во Дејвис купот триумфираше во 2001 година, а оттогаш три пати играше во финалето, но загуби. Полуфиналниот дуел оваа година е закажан за периодот од 15 до 17 септември.

loading...