Франција тргна моќно: Прегазен Бразил на почетокот од ракометниот мундијал

458

Домаќинот Франција на штотуку започнатиот ракометен шампионат, не дозволи изненадување против селекцијата на Бразил, која на убедлив начин ја совлада со 31:16, со што најавија дека се сериозни претенденти, и еден од најсилните фаворити за нова светска круна.

Триколорите тргнаа моќно пред домашната публика, која сигурно очекува злато на ова Светско првенство. Победата на Франција не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот, тие беа фантастични на сите позиции, па на полувреме заминаа со убедливи 17-7.

До крајот на мечот не се промени ништо, туку напротив, Франција уште повеќе ја зголеми предноста и забележа еден убедлив натпревар на стартот од ракометниот мундијал.

Во победата на Франција, ракометар кој најмногу се истакна на теренот беше Валентин Порт, кој постигна 6 голови. За истакнување е и ветеранот Тиери Омејер, кој забележа дур 14 одбрани.

loading...