Франција е освојувач на Светската лига во одбојка

587

Репрезентација на Франција е освојувач на Светската лига во одбојка. Во финалето во Кортиба, Французите во маратонски и неизвесен меч со превсрт ги совладаа Бразилците со 2-3 во сетови (25-21, 15-25, 23-25, 25-19, 13-15). Признанието МВП на мечот го доби најдобриот играч на француската репрезентација Ервин Нгапет.

Со победата против САД со 3-1 во сетови (18-25, 25-20, 25-22, 25-21), Канада го освои третото место и го оствари најголемиот успех во историјата.