(Фото) Kако се викаат навивачите на Партизан? Тоа најдобро го „знае“ нивниот најдобар играч

1419

Екипата на Партизан синоќа го совлада тимот на Будуќност со 2:0 во првиот натпревар од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието беше фудбалерот на српскиот шампион Леонардо.

Имено, Бразилецот веќе подолго време си поигрува со чувствата на навивачите поради неговото, засега, суптилното препукување со управата на Партизан. Имено, тој најпрво на Инстаграм објавуваше фотографии со двосмислени пораки околу тоа дека можеби ќе си замине. Од друга страна, управата на Партизан објавуваше дека тој барал нереални услови за да остане во клубот.

Како и да е, вчера се случи ескалација на настаните. Тој влезе во второто полувреме на мечот со Будуќност и покажа дека е убедливо најдобриот играч на Партизан, постигнувајќи го вториот гол на натпреварот, по кој повторно со двосмислена порака кон навивачите најави дека ќе си замине.

Она што исто така го привлече вниманието во целата ситуација е тоа што тој ги преименува навивачите на Партизан. Имено, познато е дека навивачите на белградските „црно-бели“ се нарекуваат „Гробари“, но Леонардо ги преименува и ги нарече „Глобари“ во пораката која требаше да биде своевидно обраќање и извинување до нив, а можеби дури и простување од клубот.

„Само го сакав тоа што е мое, што ми е земено за да го дадат на некој друг. Ве сакам навивачи, знам дека дојдовте на стадионот да ме понижите, но јас дојдов да ви кажам дека ми е жал и дека ве сакам. Жал ми е за се, денеска се завршува мојата ера тука. Јас пред се го сакам фудбалот. Сакам да знаете дека парите никогаш не ми биле на прво место во животот. Му благодарам на бога што ми овозможи ваква радост и да им ја носам на луѓето. „Глобари“ ве сакам до крајот“, напиша Леноардо на Инстаграм.