ФОТО: Шпанската полиција го уапси „Кристијано Роналдо“

3115

Реал Мадрид вчера со судни маки го совлада градскиот ривал Гетафе во гости со 2-1 во мечо од 8. коло од Ла Лига.

„Кралевите“ до победата стигнаа во самиот финиш на мечот кога на сцена стапи Кристијано Роналод. Сепак многу поинтересно беше крај теренот. Имено еден фан на Португалецот проба на крајот од мечот да влезе на теренот.

Згора на се тој и доста личеше на Роналод и беше во опрема на Реал Мадрид. Но кога некако успеа да стигне во близина на теренот, обезбедувањето забележа дека не се работи за вистинскиот Роналд, па со брза реакција и асистенција од полицијата го уапси.