ФОТО: Шампионот знае што вреди – си купи брендирано Ферари и го налути Мерцедес

869

Актуелниот шампион во Формула еден, Лујс Хамилтон кој по четврти пати сезона стигна до овој успех, го поднови својот возен парк, но тоа предизвика доста реакции во јавноста

На социјалните мрежи протекоа слики од новото Ферари на Хамилтон од тимот на „Ла Ферари“. Притоа возилото е брендирано со името на Ф1 пилотот, а ова на неговиот тим Мерцедес и тоа како не му се допадна.

Што се однесува до новата убавица на Хамилтон, овој модел на Ферари откако е пуштен во употреба беше истакнато дека само 499 вакви автомобили ќе бидат произведени. Дека поседуват „Ла Ферари“ може да се пофалат и ѕвезди како Џастин Бибер и Флојд Мејведер.