ФОТО: Црвена Звезда побара помошо од Господ пред Кел – цел тим на молитва во црква

180

Фудбалскиот клуб Црвена Звезда предводен од генералниот директор Звездан Терзиќ денес го посетија храмот Свети Сава каде што донираа финансиска помош за завршување на реконструкцијата на црквата.

Свештениците во Свети Сава одржаа молитва за успех и благородност во работата на Црвена Звезда, а на фудбалерите и стручниот штаб им беше посакано наредниот четврток во мечот со Келн да остварат победа и обезбедат европска пролет.