ФОТО: Франс Фудбал ги шокира фановите на Челси кои бесно реагираа

1824

26 годишниот фудбалер на Челси, Еден Азар, е 19-ти по ред играч на вечерашната листа за евентуални кандидати за „златната топка“.

Сигурно дека белгискиот фудбалер нема да ја освои оваа престижна награда вечерва, пред се поради предноста која ја имаат Лео Меси и Кристијано Роналдо, но фановите на Челси се бесни поради листата на Франс фудбал.

Белгиецот како 19-то пласиран играч влегува во рангирањето за „златната топка“ а тоа не им се допадна на фановите на Челси.

Не ми се верува, Гризман е пред Азар на листата“ … „Крос и Азар кои требаше да бидат во топ5, завршија 17-ти и 19-ти, ова е шега“ …. „Што се случува? Зошто Гризман е пред Азар на листата?“…. „Го мразам франс фудбал за овој избор, мора да се шегуваат“ … и слични коментари кои „сините“ ги упатија на сметка на франс фудбал и останатите фудбалски институции.