ФОТО: Фановите на Баерн фрлаа банкноти од 500 евра на теренот, со ликот на еден играч

1899

Баерн Минхен вечерва го пречека ПСЖ во еден од најатрактивните натпревари на вечерта во Лигата на шампионите.

Во Минхен дојде веројатно најскапата екипа моментално во Европа, бидејки во тој состав само двајца играчи им вредат 400 милиони евра, а домашните навивачи кои редовно протестираат за скапите цени за влезниците и модерниот фудбал, вечерва гостувањето на Парижаните го искористија за една инвентивност.

Тие сакаа да испратат порака дека се против модерниот фудбал и енормните суми кои се трошат во денешниот фудбал, и со еден мини протест, фрлаа со фалсификувани банкноти од 500 евра, на кои го имаше ликот на Нејмар, најскапиот светски фудбалер, што јасно алудира на тоа дека тие мислат дека Бразилецот можеби и не вреди за тие пари за кои беше доведен.