(ФОТО) Традицијата продолжува: На Барса пак не и е признат чист гол

1002

Трет пат во последните четири кола судиите не и признаваат чист гол на Барселона.

Почна против Валенсија на Местаља, продолжи со Селта на Камп Ноу, а истото се случи и вечерва во дуелот со Ла Коруња. Во судиското продолжение, Луис Суарез изведе магија, шутираше со рабона, топката ја мина гол-линијата пред да одбрани гостинскиот голман, но судиската тројка предводена од Матеу Лахоз беше немилосрдна.

И покрај тоа, Барселона водеше со 2-0 на полувреме со головите на Суарез и Паулињо.