ФОТО: Тензично во Гевгелија – управата на МЗТ Скопје исфрлена од сала

2292

Дербито од 15. коло во Првата кошаркарска лига помеѓу Блокотехна и МЗТ Скопје донесе доста возбуда, до крај неизвесност, но и многу тензија во финишот.

Аеродромци во последните две минути на неколку наврати реагираа доста бурно кон судиите, особено Бојан Трајковски. Се направи доста тензија, а редарската служба во салата спречи и поголем инцидент.

Управата на „штрковите“ која што седеше под еден од кошовите исто така бурно реагираше и скокаше, па проба да влезе и во терен за да се објаснува со судиите. Тогаш реагираа и редарите, по што дојде до мала гужва во која потоа се вмешаа и кошаркарите од Аеродром.

По консултација со полицијата, управата на МЗТ Скопје беше исфрелна од салата и не ги догледа последните минути.