ФОТО: Стравични сцени – судијата буквално спасуваше жива глава на турското дерби

2242

Во рамките на 9. коло од  турската Супер лига, силите ги одмерија двата најголеми турски ривали, Фенербхаче и Галатасарај.

Дербито како дерби, донесе премногу возбудувања, а ривалството помеѓу овие две екипи е толку големо така што на терен како да имаше вистинска војна. Над десет опасни старта, нешто што за секој судија е најтешко.

Овојпат жртва беше еден од помошните судии. Различни предмети летаа од трибините, а неколку го погодија во главата, по што се спушти на колена и со рацете се фати за глава.

Народно речено, спасуваже жива глава.