(ФОТО) Србите се тешат: Ние се жалиме на условите за игра, што да кажат во Македонија!?

3000

Денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига најмногу внимание привлекоа не по квалитетот и атрактивната игра, туку по „ораниците“ и „свињарниците“ на кои се одиграа натпреварите.

Дождливото време во претходниот период донесе калливи терени и непостоечки услови за игра, па останува прашањето како ФФМ дозволи воопшто да се игра фудбал во Могила, Чаир, Струмица во вакви нефудбалски услови.

Со истите проблеми се соочија во соседството, поточно во Србија, каде три натпревари беа одложени поради обилните снежни врнежи, а дербито на колото помеѓу Партизан и Војводина во Белград навистина беше мачно да се гледа, бидејќи поради лошите услови и катастрофалниот терен, играчите на двете екипи не можеа да поврзат никаква игра.

Но, Србите се тешат, велејќи дека ниту во регионот не е ништо порано, прашувајќи се како воопшто ФФМ, судиите и делегатите дозволиле да се игра фудбал во Македонија.

„Љубителите на фудбалот во Србија можеа да сведочат во какви нефудбалски услови се одигра дербито на 20. коло (Партизан – Војводина. Но, што да се каже на ситуацијата во Македонија.

Таму се одиграа пет натпревари од најквалитетниот ранг на натпреварување, но се поставува прашањето како судиите и делегатите воопшто дозволија да се игра. Актуелниот шампион Вардар гостуваше кај Шкупи, а мечот беше одигран на нешто што само во груби црти потсетува на фудбалски терен. Кал и бари доминираа и на останатите натпревари“, пишува порталот „Спортске“.