ФОТО: Селекторот Давитков се врати во Азија – потпиша за Баниас од Абу Даби

358

Актуелниот селектор на македонската кошаркарска селекција, Јорданч Давитков по кратка пауза се реши повторно да се вети во занего ветениот дел од светот, Азија.

Давитков денеска потпиша и беше претставен како нов тренер на Баниас од Абу Даби, клуб кој што доаѓа од Обединетите Арапски Емирати.

Нашиот стратег веќе има искуство со работа во Обединетите Арапски Емирати, сооглед на тоа што последен пат пред да се врати во татковината го водеше тимот на Ал-Шаб, како и Ал Васл од Дубаи. Покрај во овие два клуба има работено и во Кувајт и Катар.