(Фото) Самсоненко ги почасти европските прваци со заеднички одмор во Хрватска

6223

Дел од ракометарите на новиот европски шампион се на заеднички одмор во Хрватска, кој е организиран од сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко, кој пак, е познат по тоа што сака да им угоди на своите спортисти.

По освојувањето на Лигата на шампионите, газдата на Вардар реши да ги собере ракометарите на одмор во Хрватска, како еден вид на благодарност за напорната сезона која ја имаа црвено-црните, во која успеаа да освојат дури четири трофеи. Ракометарите се пофалија на социјалните мрежи од својот одмор.