ФОТО: Ристовски на „Камп Ноу“ го бодреше репрезентативен соиграч

809

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски вчера за својот тим Спортинг Лисабон одигра едно полувреме во пресметката од Лигата на шампионите против тимот на Барселона.

Каталонците славје победа од 2-0, со голови во вториот дел кога нашиот репрезентативец излезе од игра. Португалската екипа со ова ги заврши настапите сезонава во Лигата на шампионите, но продолжува и пролетва во Европа, но во Европа лига.

Интересно, на трибините не „Камп Ноу“, Ристовски доби поддршка од својот репрезентативен соиграч, голманот на Македонија, Столе Димитриевски кој брани за каталонски Гимнастик во втората по ранг фудбалска лига на Шпанија.