(ФОТО) Познат составот на Вардар: Против Розенборг со три шпица

139

Екипата на Вардар со сите сили ќе се обиде да дојде до првата победа или барем до првиот бод во Лигата Европа.

Вечерва во Скопје гостува Розенборг како последна шанса за нашиот тим колку-толку да го поправи впечатокот од дебитантскиот настап во ова натпреварување. Тренерот Чедомир Јаневски одлучи да игра со тројца напаѓачи со цел да го пробие противничкиот тим и на тој начин да се бори за победата.