(ФОТО) Ова е веќе претерување: Ѕвездата на Атлетико прогласена за расист зашто се маскира во кошаркар

830

Социјалните мрежи често служат за промоција на спортистите, но луѓето кои ги користат знаат и да претераат во своите коментари и сфаќања.

Најдобар пример за тоа е случајот со Антоан Гризман. Минатата ноќ тој се маскира во кошаркар на Харлем Глобтротерс и предизвика хаос. Не требаше да помине многу време за ѕвездата на Атлетико да биде прогласен за расист.

Неколку часа подоцна Гризман ја повлече фотографијата и преку Твитер се извини иако малкумина разбираат што е тоа што толку ги вознемири луѓето.

“Смирете се сите, јас сум фан на Харлем Глобтротерс и тоа беше оддавање почит. Разбрав дека мојот потег можеби бил несоодветен и се извинувам ако сум навредил некого”, напиша Гризман.

Работата отиде дотаму што некои му се заканија на Гризман да не излегува од дома и да не се приближува до фудбалските терени.