ФОТО: Норвешкиот ски-скокач Јохансон е хит на зимските олимписки игри поради еден специфичен детал на лицето

915

Ски скокањето е еден од најекстремните спортови глобално гледано, па за такво нешто треба да имате нешто повеќе од храброст.

Но исто така во овој спорт, треба да бидеме малку повеќе „луд“ како што се кажува во спортот, за да направите некој стил кој сите ќе го коментираат поради својата реткост.

Таква е ситуацијата со норвешкиот ски-скокач Роберт Јохансон, кој деновиве е дел од зимската олимпијада во Пјонгчанг и каде се натпреварува за највисок дострел.

Но неговите „одгледувани мустаќи“ не поминаа незапазено кај публиката, па за неговиот стил се разви и дебата на Твитер.