ФОТО: Новата спринтерска надеж на Мекeдонија, Кузма плени со својата убавина

9247

Македонија нема премногу богата историја во атлетиката, па така и изостануваат добрите резултати. Но во последните неколку години се појави нов бран на македонски атлетичари кои влеват малку надеж за подобро утре во овој спорт.

Една од нив е и спринтерката, 17. годишната Марија Кузмановска – Кузма од Битола, која веќе пола година се занимава со атлетиката. Таа настапува на трките од 60 и 100 метри.

„Како помала на сите училишни трки завршував како прва во родната Битола. По преселбата во Скопје се решив да започнам активно во клубот Делта. Досега најдобар резултат ми се двете трети места на натпреварите во нашата селекција. Во изминатиот период имав доста повреди, но од овој месец сериозно влегувам во приказната. Започнувам со професионални тренинзи, се со цел да стигнам до Олимписките игри в 2020 година. Моето најдобро време на 100 метри е 13.06 секунди што за пола година тренинг е одлично ако се знае дека рекордот на Македонија е 12.42 секунди што го има натпреварувачка кој со години е дел од овој спорт“; изјави Кузмановска.

На почетокот на новата, 2018 година, Кузма ја очекуваат и првите интернационални предизвици, за почеток во соседна Србија во сала.