(ФОТО) Ништо од „14-ката“: Кутињо го задолжи бројот кој најмногу му прилега!

1683

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е играч на Барселона неколку дена, но се уште го нема официјално својот број на дресот. Се до денеска.

Каталонскиот клуб за Кутињо издвои 120 милиони евра, плус дополнителни 40 милиони како бонуси кои се лесно остварливи, со што тој официјално стана вториот најскап фудбалер во историјата. Кутињо потпиша договор со Барселона до летото 2023. година, а сега изгледа конечно го доби својот број.

Имено, Кутињо не го избра веднаш својот број, бидејќи чекаше на заминување на поедини фудбалери. Најпрво се шпекулираше дека Бразилецот ќе го добие привремениот број „24“, за потоа да се објават фотографии од официјалниот фан шоп на Барселона со борјот „7“, а најпосле и бројот кој го носеа Тиери Анри, Јохан Кројф и Хавиер Маскерано – „14“. Сепак, од „24“ и „14“ нема ништо.

Според пишувањата на каталонските медиуми, Кутињо ќе го носи дресот со број „7“ кој досега му припаѓаше на Арда Туран. Барселона објави дека официјално Турчинот се сели на позајмица во Башакшехир, што значи дека „седумката“ ќе биде ослободена за бразилскиот фудбалер.