ФОТО: Никола Ѓорѓиев со МВП награда во Полска

220

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев полека но сигурно се прилагодува во новата средина и шампионатот на Полска. Потврда за тоа е и последниот натпревар, по кој што се закити со првата индивидуална награда.

Тимот на Македонецот, Онико Варшава славеше на гостински терен против Алурон Вирту со 2-3 во сетови, а токму Ѓорѓиев со 25 поени (23 од напад, 1 ас и 1 блок) беше прво име во својо тим.

По мечот нашиот интернационалец и капитен на репрезентацијата на Македонија се закити со МВП признанието.

„Прекрасно е чувството по оваа награда која е мотив да се продолжи со уште понапорна работа. Целта ни е сега да оствариме уште добри игри и да влеземе во првите шест на табелата, со што би се стекнале со право да играме во Купот кој на програмата е веќе во јануари“, ни изјави Ѓорѓиев.