ФОТО: Нема да верувате што правеше селекторот на Шведска по пласманот на СП

769

Јан Олоф Андерсон е новиот херој на Шведска откако по пауза од 2006 година, националниот фудбалски тим го одведе на еден Мундијал, во случајот, оној идната година во Русија.

Иако постигна голем успех, емоциите премногу не го совладаа, па по лудото славје на играчите во соблекувалната, тој го средуваше хаосот кој го оставија. Собирајќи ги отпадоците.

За Андерсон, пласманот со Шведска на СП е убедливо најголемиот успех, ако се земе во предвид дека претходно има работено само во неколку не толку познати шведски екипи.