(Фото) Мукаетов и Каевски ги испратија младинците на СП во Катар

767

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, заедно со Генералниот Секретар, Филип Милошевски и Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт на Република Македонија, Дарко Каевски, беа присутни на последниот тренинг на ракометната репрезентација на Македонија до 21 година пред заминувањето за Доха и подготвителните средби со Катар пред настапот на Светското Првенство.

Мукаетов, Милошевски и Каевски ги поздравија нашите млади ракометари и стручниот штаб, посакувајќи им успех во значајниот период кој им претстои.

Младинците вечерва го одработија последниот тренинг во Скопје, а за утре е предвидено заминувањето за Доха каде на 11 и 12 јули ќе одиграат две пријателски средби со домаќинот Катар, кои воедно претставуваат и последна подготовка за СП во Алжир. Пред тренинзите во Скопје, избраниците на Илија Темелковски одработија физички подготовки во Маврово.

Младинската репрезентација на Македонија настапот на Светското Првенство го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобропласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.