ФОТО: Матичниот клуб на Александар Трајковски се ребрендираше во боите на Палермо

5183

Клубот од кој што излезе нашиот актуелен репрезентативец Александар Трајковски, ССК Младинец од викендов доби нови клупски бои.

Екипата на ССК Младинец од Драчево која што игра во Третата лига Север, од викендов ги ребрендираше клупските бои, па сега нивните дресови се како они на Палермо, розеви.

Драчевчани денес во рамки на 9. коло славеа победа на гостински терен против Чаир АМ со 0-3, а на овој меч настапија во новите розеви дресови на кои стоеше името на Александар.

Тимот на ССК Младинец засега одлично котира на табелата и е на првото место кое што од идната сезона носи пласман во Втората лига Запад.