ФОТО: Масовна тепачка пред бокс меч, летаа столици, а имаше крв на сите страни

365

Во текот на изминатата вечер во салата „Ханс Марин Шлејер“ во Штутгарт, публиката на бокс меч проследи неочекувано „двојна програма“.

Имено две групи од публиката од непознати причини се ставија во клинч, еден час пред централната борба на вечерта помеѓу, Крис Јубенк Јуниор и Авниј Јилдирим.

Се почнало со провокации, за да продолжи со вистинска тепачка со боксови и различни предмети како столици, по што настанал општ хаос. Имало голем број повредени, но за среќа немало сериозни.

 

Новинарите кои сведочат за овој инцидент велат дека и во двете групи имало „опасни“ момци, но за среќа инцидентот бил ставен под контрола, па мечот се одржал.

Како победник излезе Јубанк кој го совлад боксерот од Турција за појасот во супер средна категорија во ИБО