ФОТО: Манасков повторно „лета“

1567

Веспрем во вчерашното коло од ракометната ЛШ, понесени од својата неверојатна публика која секогаш им е играч повеќе на домашен терен, оствари уште еден сигурен триумф.

Овој пат настрада Киелце кој го загуби натпреварот со 31:26. На оваа средба и нашиот ракометар Дејан Манасков учествуваше и придонесе за комплетната победа.

Манасков постигна два гола на оваа средба, а притоа беше и уловен во еден неверојатен кадар, кој помалку потсетува и на фотографијата која беше изгласана од ЕХФ за фотка на годината.