(ФОТО) Македонија победува и во хокеј: Среде Сараево совладана БиХ за големо изненадување

1245

Добро тргна 2018 година за македонскиот спорт, ракометарите доминираат на ЕП, а денес победнички во новата година тргна и хокеј репрезентацијата на нашата држава.

Македонија направи големо изненадување откако во Сараево на гостински терен во „Зетра“, во пријателски меч славеше победа над домашната репрезентација на Босна и Херцеговина со резултат од 8-7 (3-1,3-2,2-4)

 

Вистински предводник на „црвено-жолтите“ вечерва беше Давор Анастасов кој постигна 4 погодоци, додека Децковски на два наврати ја тресеше противничката мрежа. Ташевски и Прокудин постигнаа по еден гол.

Веќе утре Македонија против истиот противник на иста локација ќе одигра уште еден натпревар кој ќе започне од 11:00 часот.

Инаку Босанците овие контролни средби ги играат во склопот на подготовките за квалификациите за пласман на СП во третата Дивизија каде што нивни противници се Туркменистан, Кувајт и ОАЕ. За жал Македонија се уште не може да игра официјални натпревари бидејќи не исполнува неколку услови, а како главен проблем е немањето затворена сала.