ФОТО: Карабатиќ пристигна во Хрватска на ЕП и за доручек доби ќебапи и ајвар

975

Селекцијата на Франција со драстично променет лик, но со главната ѕвезда во тимот, Никола Карабатиќ допатува на европското првенство во Хрватска.

Карабатиќ кој впрочем влече корени од Хрватска од каде што е неговата мајка се пофали дека во Пореч каде што играат во групата Б, за доручок доби ќебапи и ајвар.

Иако е најплатен ракометар во светот и игра за моќниот ПСЖ, сепак Никола не заборава на своите корени и знае што е вкусно да се подапне.