(ФОТО) Каква чест: Поранешна ѕвезда на Челси е замената за Јаховиќ во Гестепе

1393

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ во продолжение од сезоната ќе го носи дресот на Коња откако пред два дена го напушти тимот на Гестепе.

Но, раководството на неговиот поранешен клуб брзо реагираше и најде соодветна замена за него. Станува збор за некогашниот фудбалер на Челси, Демба Ба кој не е непознат на турската фудбалска јавност бидејќи пред да замине во Кина беше член на Бешикташ.

Јаховиќ е трет стрелец во турското првенство, па Ба ќе има тешка задача да ја надополни празнината што настана по неговото заминување.