ФОТО: Каква иронија: Сепаратистот Пике стана капитен на Шпанија

2328

Во исклучително интересниот пријателски натпревар вечерва помеѓу селекцијата домаќин на идниот фудбалски Мундијал, Русија, која играше против Шпанија, немаше победник, резултатот беше 3:3.

Но не беа интересни толку головите за навивачите на Шпанија, туку еден сосема друг момент, за кој ќе се подигне прашина.

Имено, на барање на селекторот на „црвената фурија“ Жулен Лопетаги, Серхио Рамос беше повлечен од игра во 57. минута, па мораше да ја предаде капитенската лента, на вториот поискусен играч во селекцијата.

Веднаш по излегувањето, Рамос капитенската лента му ја предаде на „сепаратистот“ Пике, кој без размислување ја прифати, иако сите добро го знаат ставот на Пике за Шпанија, односно дека целосно поддржува целосно отцепување на Каталонија од кралството Шпанија.

Но сето тоа траеше кратко, бидејки веднаш во следните неколку секунди, се случи нова измена, од игра беше повлечен Бускетс а во игра влезе играчот на Сити, Давид Силва, кој ја превзеде веднаш капитенската лента.