ФОТО: Иџе уште сега се подготвува за идната сезона, можеби и со нова марка автомобил

623

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе кој пред извесен период ја комеплетираше втората сезона во ЕТЦЦ шампионатот, веќе се подготвува за идната сезона.

Иџе заедно со дел од својот тим деновиве е во Италија каде што тестира автомобил од марката Хјундаи, шо можеби е најава дека од идната сезона наместо во СЕАТ, ќе вози автомобил од овој модел.

Деновиве нашиот автомобилист на патеката „Цирцуито Тазио Нуволари“ крај Цервесина во Италија, интензивно го тестира автомобилот Хјундаи кој како што рековме можеби ќе биде следен негов адут за идната сезона.