ФОТО: Иџе ем остана без титула, ем го искрши автомобилот

2521

Игор Стефановски Иџе втората сезона во ЕТЦЦ ја заврши како четврти во генералниот пласман и за жал не успеа да стигне до европската титула.

Иџе на последните две трки во Мост фрли се на една карта и ризикуваше бидејќи немаше што да изгуби, а можеше и тоа што многу да добие.

Но среќата не го посака, во првата трка имаше инцидент поради кој заработи казна. За невољата да биде уште поголема, по крајот на шампионатот Иџе сподели фотографии од неговиот искршен автомобил, кој буквално е лепен со фластер.