ФОТО: Имал и МЗТ Скопје таленти кои што вредат – со победа тргна во јуниорската АБА

262

Тоа што стана вистинска реткост за сениорите, вечерва младинците на МЗТ Скопје го исполнија. На деби натпреварот од првиот турнир во јуниорската АБА лига, малите „штркчиња“ славеа победа над Морнар со резултат од 86-82.

Јуниорите на клубот од Аеродром покрај квалитетот и желбата за победа, покажаа и карактер откако во неизвесен финиш го издржаа притисокот и славеја на крај голема бода кој што сигурно ќе биде мотив за понатаму.

Дамјан Крстевски беше вистински предводник кај МЗТ Скопје откако мечот го заврши со 27 поени, додека Миса придодаде 13 поени.

Следниот дуел за надежите на МЗТ Скопје на програмата е веќе  утре, од 11.30 часот против хрватска Цибона.