(Фото) Една слика – илјада зборови: Џошуа е новиот Мухамед Али!

1652

Неверојатна сличност на Британецот со славниот боксер.

Победата на Ентони Џошуа во боксерскиот спектакл е една од оние кои долго ќе се паметат и ќе се прераскажуваат меѓу љубителите на племенитата вештина.

Фотографијата од „патосираниот“ Владимир Кличко и Британецот кој стои над него во победнички занос го обиколи светот, а многумина во неа веднаш ја препознаа сличноста со славната глетка од крајот на уште пославната борба на Мухамед Али и Сони Листон во 1965. година.

Историјата се повтори!

Ставот на Џошуа по соборувањето на Кличко неодоливо потсетува на ставот на Али по разорниот удар во брадата на Сони Листон, што на голем број љубители на боксот не им „побегна“ па побрзаа да го прогласат Британецот за „новиот Али“, барем поради неверојатната сличност на фотографиите.

Друг вид на споредба и не може да постои, бидејќи сепак еден е Мухамед Али.