ФОТО: Детонит догодина ќе „детонира“ во Втора лига – но нивното лого е урнебесно

3323

Екипата на Детонит јуниор од Радовиш со максимален ефект од 11 победа и 33 бода е на лидерското место во Третата лига Југоисток.

Овој клуб е на добар пат да обезбеди пласман од идната сезона во Втората лига Исток со што Радовиш, по Плачковица би добил уште еден второлигаш.

Заштитни бои на овој клуб се жолто-црната, а интересно поради спонзорот кој се занимава со производство на стопански експлозиви, клубот има и интересно лого. На него се наоѓа една форма на динамит.