ФОТО: Двоецот на Манчестер Јунајтед од трибини донесе среќа на Шведска

850

Селекцијата на Шведска го искористи домашниот терен во првиот бараж дуел против Италија за пласман на СП, откако славеше минимално со 1-0.

Скандинавците така на возвратниот дуел за три дена на Сан Сиро патуваат со еден гол преднос, но и чиста мрежа.

Вечерва, „викинзите“ на стадионот во Стокхолм покрај од многубројната домашна публика, поддршка имаа и од двоецот на Манчестер Јунајтед. Тренерот Жозе Мурињо и долгогодишниот капитен на Шведска, а сега играч на „црвените ѓаволи“, Златан Ибрахимовиќ кои се чини донесоа среќа за домаќинот.