(ФОТО) Голем интерес за Македонија: Со десетина камиони ќе се врши врвен пренос во над 100 држави низ целиот свет

1366

СпортКлуб.мк, директно од Загреб

Македонската ракометна селекција утре со дуелот против Словенија ја очекува почеток на петтото Европско првенство.

Домаќинот и организатор на континенталниот шампионат, Хрватска со забрзано темпо ги финишира последните подготовки пред почетокот на натпреварите во групата Ц.

Со „Арена Загреб“ последните денови имаше низа проблеми и се закануваше клучно, но се е решено.

Она што влегува во очи е што над десетина камиони со опрема за телевизиски пренос веќе се пред салата и се монтираат. Организаторот најави дека се очекува врвен пренос чиј сигнал ќе се репродуцира во над 100 држави низ целиот свет.

Во продолжени погледнете се кој се стекна со ТВ правата и каде се во која држава ќе може да се следи. Во Македонија правата ги доби Телевизија Телам.