(ФОТО) „Војната“ не запира: „Шверцери“ се пофалија со пленовите од „Комитите“

3012

Во последните денови доста актуелна е навивачката „војна“ помеѓу ултрас групите на градските ривали Шкупи и Вардар, популарните „Шверцери“ и „Комити“.

Најпрво се појавија снимки од брканица, на која се гледа како „Комитите“ ги бркаат „Шверцерите“ за да се пресметаат физички. Потоа следуваа неколку провокации од страна на навивачите од Чаир, по што на натпреварот во Ѓорче Петров меѓу двата тима, „Комитите“ извадија сатиричен транспарент посветен на „Шверцерите“.

Денеска, навивачите на Шкупи одлучија да го кренат целиот „дуел“ на едно повисоко ниво, па на првенствениот дуел помеѓу Шкупи и Вардар кој се одигра во скопски Чаир, „Шверцерите“ ги истакнаа запленетите шалови, маици и дресови на „Комитите“ и Вардар, што во навивачкиот свет се толкува како нешто најсрамно што можете да и го направите на спротиставената навивачка група, секако, по заплена на главниот транспарент.

„Шверцерите“ се пофалија со богатиот „плен“ од „Комити“ на социјалните мрежи и напишаа „Загина Вардар“, алудирајќи и на победата на Шкупи од 2:0 во денешната првенствена пресметка.

Во моменти кога фудбалот ни е неатрактивен и досаден, ваквите провокации меѓу ривалските навивачки групи секако се освежување и интересни за фудбалската јавност, се додека тие останат во границите на нормалата и се се сведе само на провокации, каде би гледале „војна“ на досетливи и креативни шеги на сметка на противникот, а не каменувања и тепачки низ главниот град.

Го чекаме одговорот на „Комитите“…