ФОТО/ВИДЕО: Бостон во солзи – повеќе никој нема да ја носи бројката 34

684

Веќе одамна беше влезен во легендите на славниот клуб, а сега сето тоа беше потврдено и со официјална церемонија.

Пол Пирс кој го нарекуваа Вистина е последен играч на Бостон Селтикс кој ќе го носи бројот 34. Великанот кој од 1998 година му служеше цели 15 години на Селтик во 40 година од неговиот живот потпиша едногодишен договор со Бостон за да замине во пензија од омилениот клуб.

Неговиот дрес со број 34 беше подигнат на крвото на ТД Гарден.

Селтикс така му одадоа почи на вториот најдобар стрелец во историјата (24.021 поени), веднаш зад Џон Хавличек кој е единствен кошаркар кој со 16 сезони има подолг престој од Пирс во клубот.

Пирс стана бесмратен откак како лидер на екипата во 2008 година го земаа трофејот во НБА лигата, а тој беше прогласен за МВП на финалето.

Во текот на ноќта, по мечот Селтик – Кавалирс (99-121), Пирс облечен во сака во зелено бела боја излезе од тунелот и застана на центарот од теренот.

Покрај дресот на кровото, Пирс стави и потпис на ѕидот на тунелот кој води од соблекувалната кон теренот, а истиот автограм таму ќе остане за век и векови како потсетник на тоа што значи да бидеш играч на Селтик.