(ФОТО/ВИДЕО) Босоногиот Јери Мина собра повеќе навивачи на „Камп Ноу“ од Филипе Кутињо

1045

8.552 навивачи на Барселона беа присутни на „Камп Ноу“ и сите дојдоа со една причина – да го поздрават новиот стопер на Каталонците, Јери Мина.

Промоцијата во неработен ден придонесе да има повеќе навивачи на „Камп Ноу“ отколку кога пред неколку дена беше промовиран Филипе Кутињо, без сомнежи првата ѕвезда на преодниот рок, не само во Каталонија, туку и во светот.

Но, оние кои дојдоа да го поздрават Мина имаа што да видат. Корпулентниот Колумбиец пред да истрча на теренот ги соблече копачките и босоног зачекори на тревникот на култниот стадион.

Мина успеа да остави впечаток, само уште да биде позитивен кога ќе почне да игра, а негова прва цел е да учи, бидејќи во Барселона навистина има што да научи.