ФОТО: Велковски ги „истепа“ Италијанците – Инсиње си доби нокаут во меѓуножјето

3084

Македонската фудбалска селекција се враќа од Торино со огромен бод по ремито со Италија.

Избраниците на Игор Ангеловски одиграа одличен меч, а пред се пофални зборови заслужува нашата одбрана каде што во срцето на шеснаесетникот доминираа Муслиу и Велковски.

Италијанците покрај посакуваната победа, добија и жесток „ќотек“ од нашите момчиња кои одиграа цврсто и без компромисно во секој дуел што на најдобар можен начин сведочи сликата во која Велковски му мава еден нокаут на Инсиње во меѓуножјето