ФОТО: Вардарки со светските шампионки тргнаа во 2018 година

849

Составот на Вардар, актуелниот европскиот вицешампион стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната. Целата екипа се собра на првиот тренинг во 2018 година, а по завршувањето на репрезентативните обврски на дел од ракометарките сега сите погледи се насочени кон остварување на клупските планови.

„Црвено-црните” месецов ќе имаат три натпревари, два во регионалната ВРХЛ лига и еден од Главната фаза од лигата на шампионите.

Првиот тест за Вардар ќе биде третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига, а натпреварите се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”. На 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност, следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар. На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, вардарки победија на сите четири одиграни натпревари.

По овие натпревари следи и првиот натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите, и тоа на 27 јануари сме домаќини на Мец. Влегуваме како први на табелата, и пренесовме 8 бодови од четири победи кои ги имавме во групната фаза. Вардар е единствената екипа која во првата фаза нема пораз, туку победи на сите 6 натпревари.

Во новата 2018 година, две ракометарки на Вардар во Скопје се враќаат и со светското злато, Амандин Лејно и Александра Лакрабер, кои со репрезентацијата на Франција станаа светски прваци на Мундијалот што се одржа во Германија.

По есенскиот дел од домашното првенство Вардар и дома е на првото место со максимален учинок, односно со максималните 42 бода по 14 одиграни натпревари.