(ФОТО) Вандали повторно ја уништија статуата на Меси во Буенос Аирес

508

Статуата на Лионел Меси во Буенос Аирес повторно беше цел на вандалски напад.

Непознати сторители ги скршиле нозете од статуата и таа се најде на подот. Денеска треба да биде однесена во Дирекцијата за споменици за да се санира и врати на старото место.

Ова е вторпат да се оштети статуата на Лионел Меси откако првиот пат таа беше уништена на 28 јуни 2016 година.