ФОТО: Арена спремна – домаќинот најавува силни безбедносни мерки пред инвазијата на македонски и словенечки навивачи

572

СпортКлуб.мк, директно од Загреб

Македонската ракометна селекција веќе втор дене е во престолнината на Хрватска, Загреб каде ги врши последните подготовки пред почетокот на новиот настап на ЕП.

Иако последните денови на големо се пишуваше дека „Арена Загреб“ ќе остана без ЕП, сепак до тоа нема да дојде. Сведоци сме дека најголмата спортска сала во Хрватска перфектно е подготвена и ги чека првите дуели.

Први кои отвараат во нашата група Ц, утре се  Германија и Црна Гора од 17:15 часот, но главниот меч на вечерта е оној помеѓу Македонија и Словенија кој се игра со почеток од 19:30.

Капацитетот на салата за овој дуел е речиси распоредадена, а во раните утрински часови и во текот на целиот утрешен ден се очекува инвазија како од наши, така и од навивачи на Словенија.

За таа цел домаќиниот ништо нема да остави на случајот, па најави засилени безбедносни мерки.